Ангелот на Викторија Сикрет, Алексина Грејaм, на нејзиниот „Инстаграм“ објави дека е заразена со коронавирус. Манекенката објави и фотографија од болница во која е хоспитализирана по добиените резултати од тестот. Таа на фотографијата носи заштитна маска.

Таа истакна дека прво имала висока температура и не го чувствувала телото. Потоа не можела да зборува ниту да дише нормално.  Имала болки во грлото, а градите ја стегале. Не можела самостојно да влезе и да излезе од када. Дури и да стане од кревет и требала помош. Не можела да јаде нормално поради болки.

Исто така таа апелираше сите да останат во изолација и да не ги напуштаат домовите.

– Ве молам сериозно да ја сфатите состојбата. Ве молам останете дома. Ова е застрашувачки, напиша таа на „Инстаграм  стори“. (М.А)