Ангеловска: Се подготвува ребаланс на Буџетот, сите исплати течат нормално

34

Во Министерството за финансии почна да се подготвува ребалансот на Буџетот за 2020 година. Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување на ТВ24 вели дека поцесот е почнат и оти се чекало токму април за да се има повеќе информации.

-Генерално во моментот е предизвик да се проба да се појде од што пореалистични проекции или претпоставки. При прекројувањето ги земаме предвид сегашните проекции што ги имаме направено, рече министерката.

За буџетот посочи дека е ликвиден за да ги извршува своите обврски и дека се тече нормално. Исплатени се субвенциите, повратот на ДДВ кој е 26 проценти повисок во однос на април лани, се исплаќаат плати, пензии, социјални помош.

-Се тече нормално. Субвенциите на земјоделците ги исплативме конкретно за, тутунарите ги исплативме пред извесно време. Понатаму повартот на ДДВ ако го погледнеме 26 проценти е поголем споредено со минатогодишниот април. Значи ние вршиме и редовен поврат затоа што е важно ликвидна инјекција за стопанството во овој случај и даваме предност при поврат на ДДВ на погодените сектори и индустрии. Плати, пензии, социјална помош, сите законски трансфери и исплати нормално течат. Добивме една ликвидносна поддршка да речеме во прав момент, заем од ММФ од 176 милиони евра. Имајќи предвид дека бевме конзервативни во планирање на ликвидносните потреби во април, сега сме во една ситуација каде ги сервисираме сите обврски, ги следиме сите потреби, но во исто време направивме значајно кратење на расходната страна. Пример ако ги погледнеме реализацијата на стоки и услуги во месец април е помало за 36 проценти во споредба со минатогодишниот месец април. Тоа покажува дека одлуките на Владата да се стопира раст на непродуктивни расходи даваат резултат, истакна министерката.

За донесениот Буџет за годинава оцени дека не е направен преамбициозно.

-Беше реално скроен, рече Ангеловска.

За буџетскиот дефицит ќе зависи од тоа колку ќе биде падот на приходната страна, но оцени дека имаме капацитет за брзо да се вратиме на патеката на раст и дека имаме капацитет да го враќаме дефицитот.

Капиталните инвестиции, посочи дека се нешто што треба да се турка побрзо да се реализираат за да го амортизираат ударот.

За платите на администрацијата останува на ставот дека треба да се намалат, но вели дека одлуката ја носи Владата како колективен орган.

Како аргументи кон ставот дека треба да се скрати платата на администрацијата е неодењето на работа, намалени трошоци поради неодење на работа, намалена продуктивност, солидарност, криза.

Потенцира дека во моментов не се размислува на промена на некои даноци.

Извор:МИА