Ангеловска: Ги претставивме економските параметри, ќе ги анализираме заклучоците

70

Владата е задоволна од оценките на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд што беа објавени денеска во завршната изјава. Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека се претставени економските параметри и дека ќе се анализираат заклучоците.

Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарски прашања при денешната презентација на пуштање во фукција на скенер за мали пратки, посочувајќи на бројките и резултатите за растот на економијата од 3,4 проценти.

Во однос на коментарите за укинувањето на прогресивниот данок и влијанието врз приходите во буџетот, министерката истакна дека во извештајот е наведено дека може да го забави растот на приходите како резултат на персонален данок, што не значи дека ќе немаме раст.

– Да го забави растот, не значи дека ќе немаме раст, бидејќи секако проектираме дека ќе продолжи растот на страна на прибирање приходи од персонален данок и тоа се должи од една страна на природниот ефект од порастот на економијата, ќе се намалува невработеноста. Од друга страна растат платите, а од трета страна е мерката за субвенционирање на придонесите која ќе повлече и ќе даде благо позитивен ефект на страна на прибирање на приходи од персонален данок, појасни министерката.

Таа нагласи дека е разговарано и со претставниците од ММФ за оние ослободувања што беа применети и во решенијата во 2019 година кога стапија во сила и остануваат помалите даночни олеснувања кои, исто така имаат позитивен ефект и имаат поголема даночна основа, а како резултат на тоа повеќе прибрани приходи.

Ангеловска додава дека од друга страна кај игрите на среќа остануаат 15 проценти данок кој, како што вели министерката, има значителна контрибуција во собрани приходи од персонален данок на доход.

-Во однос на прогресивното оданочување тие очекуваат ако било проектирано 14 проценти раст дека така ќе продолжи, а патем растот на персоналниот данок на доход ако се земат предвид изминатите две години од јануари до септември расте со стапка од околу осум процнети, посочи министерката додавајќи дека ако се додадат и минималната плата и сите мерки во основа кога се шири даночната основица се зголемува наплатата, а даночните обврзници не им е исплатливо да бираат креативни решенија за да ги направат на некој начин даночна евазија.

Во однос на наведеното во минималната плата, Ангеловска смета дека се приложени економски параметри и изложеност, бидејќи, како што рече, се работи за раст на економијата и што е важно за заеднички прифатено решение со коморите

-Од аспект на минималната плата беше добро прифатена, особено затоа што е врзана за субвенциите за придонесите за оние работодавачи што ќе ги зголемат платите. Што значи се помогнува на приватниот сектор за да ја исплатат минималната плата, односно зголемувањето ќе може да го покријат со субвенциите од државата која ќе ги плати придонесите за делот на зголемување на платите, рече Ангеловска.