Дома ЕКОНОМИЈА Ангеловска-Галовеј:Билатерален договор за партнерство за да продолжи позитивниот тренд во размената меѓу...

Ангеловска-Галовеј:Билатерален договор за партнерство за да продолжи позитивниот тренд во размената меѓу двете земји

107

Од Министерството за финансии соопштуваат дека надворешно-трговска размена меѓу двете земји има растечки тренд. Во 2018 година бележи годишен раст од 9,3 проценти, со стоковна размена од 832,2 милиона евра, додека растот во првите седум месеци од 2019 година е поизразен и изнесува 43,8 проценти во споредба со истиот период од 2018 година. Во 2018 година извозот во Британија оствари годишен раст од 46,7 проценти, додека во периодот јануари – јули 2019 година изнесува 31,1 проценти..

Министерката Ангеловска и амбасадорката Галовеј,како што се наведува, се заложиле за продолжување на позитивниот тренд во размената и во таа насока во тек се преговори со Велика Британија за склучување билатерален договор за партнерство, трговија и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединето Кралство, кој ќе претставува продолжување на сегашниот договор за Стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија, откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ.