Македонката Ангелина Булеска од 22. до 24. април ќе ја претставува нашата земја на првенството CVI Grote-Brogel во коњички спортови во Пеер, Белгија. Таа ќе биде водена од Mеta Jans од Холандија, а ќе се натпреварува во категоријата волтажирање, индивидуалци за деца до 14 години.

Ова воедно е прв настап на македонски спортист во оваа коњичка дисциплина на меѓународен натпревар под национално знаме.

Инаку, за време на вежбите тие ќе ја користат инструменталната верзија од „Слушам кај шумат шумите“ изведена од македонската група „Некст Тајм“.

  • Упатуваме голема благодарност до „Некст Тајм“ и Николче Мицевски кои ни ја позајмија инструменталната верзија на „Слушам кај шумат шумите“ за настапот на задолжителните вежби, истакнаа од тимот на Булеска.