Српската поп-пејачка Ана Николиќ која пред некој ден имаше тешка операција, стеснување на желудникот, истата која ја направил нашиот Боки13, им се закани на новинарите да престанат да пишуваат лаги за неа.
– Доста ми е од вашите измислици, сите ќе ве тужам, се разбесни Ана кога и кажале дека нејзината баба не можела да се смири со часови откако прочитала некој скандалозен текст за својата внука, а во кој пишувало како Ана многу пие во манир на проверена алкохоличарка. – Што е многу многу е, не можам веќе да поднесам вакви лаги, па затоа ако веднаш не престанат да ја вознемируваат баба ми, јас секој новинар ќе го тужам. Сега сум многу сериозна, се закани пејачката.  Д.М. фото:Инстаграм