Поп-пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ-Раста поодамна не се заедно. Нивниот брак брзо пропадна, но останаа во лабава врска, најмногу поради детето. Има и такви ситуации кога се однесуваат како брат и сестра само да ја задоволат радоста на ќеркичката Тара.

– Веќе во никој случај, ни во лудило, не можеме да бидеме љубовна двојка. Раста претера во многу работи додека бевме во брак. Моравме да се разделиме. Сега го доживувам како некој мој далечен роднина од селото на моите баба и дедо. Во никој случај, ние не можеме да бидеме маж и жена. Нека не се лути Раста поради мојата искреност, но веќе не би можела да водам љубов со него. Завршена е таа приказна засекогаш – раскажа згодната Ана и почна заразно да се смее. (Д.М.)