Америка доби нов претседател: Џо Бајден положи заклетва/ВИДЕО

38
Џо Бајден денеска положи заклетва во Вашингтон, на историски ден што се одржува под строг протокол, со што Бајден официјално стана 46-от претседател на Соединетите американски држави.

-Америка е на висина на предизвикот. Денес го славиме триумфот на демократијата, рече Бајден.

„Волјата на народот е исполнета. Научивме дека демократијата е кревка, а денес демократијата преживеа”, кажа Бајден на скалите пред Капитолот, непосредно по неговата заклетва како 46. претседател на САД.

Претходно заклетва пред судија на Врховниот суд, положи потпретседателот на САД Камала Харис.