Америка влегува во “војна“ со корупцијата на земјите од Западен Балкан

Вчера во американскиот Сенат е предложен закон за борба против корупцијата и за економски развој токму на  Западен Балкан. Нацрт-законот, предвидува техничка помош за секоја земја  од Западен Балкан во развојот на национална стратегија за борба против корупцијата, како и воведување санкции против оние што ги загрозуваат мирот и стабилноста во регионот и се вклучени во коруптивни практики. Иницијативата доаѓа во време на зголемена загриженост во регионот поради војната во Украина.

340

Америка влегува во “ војна  “ со корупцијата на земјите од Западен Балкан. Вчера во американскиот Сенат е предложен закон за борба против корупцијата и за економски развој токму на  Западен Балкан. Нацрт-законот, предвидува техничка помош за земјите од Западен Балкан во развојот на национална стратегија за борба против корупцијата, како и воведување санкции против оние што ги загрозуваат мирот и стабилноста во регионот и се вклучени во коруптивни практики. Иницијативата доаѓа во време на зголемена загриженост во регионот поради војната во Украина.

Предлог-законот, пренесува порталот 360 степени, инаку познат како закон за демократија и просперитет на Западен Балкан, беше претставен од демократската сенаторка Џин Шахин, претседател на Поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка и републиканскиот сенатор Роџер Викер.

Сенаторот Шахин вели дека односот на САД со Западен Балкан е клучен во овој момент, каде што се очигледни намерите на рускиот претседател Владимир Путин да шири злонамерно влијание низ Источна Европа, пренесува порталот „360 степени.

„Новиот закон предложен од двете партии ги зајакнува трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, а истовремено се бори против корупцијата, преку усвојување посебен закон за санкции против дестабилизирачките актери. Сето ова го отвора патот за пошироки евроатлантски интеграции“, рече Шахин при претставувањето на иницијативата на нејзината веб-страница.

Нацрт-законот му наложува на државниот секретар да обезбеди техничка помош за секоја земја од Западен Балкан во развојот на националната стратегија за борба против корупцијата.

Тој, исто така, предвидува враќање во законот на две извршни наредби кои ќе го гарантираат правото на санкции против оние што ги загрозуваат мирот и стабилноста на Западен Балкан и кои се вклучени во коруптивни практики.

Сенаторот Бен Кардин, претседател на Комисијата за безбедност и соработка во Европа, позната како американска хелсиншка комисија, рече дека во време кога земјите од Западен Балкан направија големи чекори кон демократското владеење, од крајот на војните во поранешна Југославија, политичките поделби и растечката корупција се закануваат да го загрозат овој напредок.

„Мораме да продолжиме да ги поддржуваме нашите демократски партнери и сојузници од Западен Балкан. Овој двопартиски нацрт-закон ќе ги унапреди регионалните напори за стабилност и антикорупција преку создавање програми кои поттикнуваат инклузивен економски развој, национална антикорупциска стратегија и ги повикуваат на одговорност оние што го загрозуваат мирот на Западен Балкан“, рече тој.

Американските сенатори гледаат на нацрт-законот како можност за дополнително зајакнување на односите меѓу САД и Западен Балкан, проширување на економските можности и поддршка на напорите за подобрување на демократијата и искоренување на корупцијата.