Американски разорувач се обидел да навлезе во руски територијални води

72

Американски брод разорувач Чејфи денеска се обиде да навлезе во руски територијални води во Јапонско Море, но беше спречен од русиот противподморнички брод на Тихоокеанската флота „Адмирал Трибуц“.

Американскиот разорувач бил предупреден за недозволена постапка, како и дека се наоѓа во подрачје затворено за пловидба поради руско-кинеската воена вежба што се одржува од 14 до 17 октомври.

Американскиот брод го напуштил регионот кога рускиот брод му се приближил на 60 метри.

По инцидентот руското Министерство за одбрана го повика на разговор американскиот воен аташе на кого „му е укажано на непрофесионалните постапки на екипажот на американскиот разорувач на американската морнарица Чејфи“.