Американски воени извори тврдат: Невозможното станува возможно, Украина може да го врати Крим

172

Украина би можела повторно да го заземе Крим ако продолжи нејзиното одземање на територии од руските сили кои бегаат со голема брзина, веруваат високи американски претставници, објави британски The Telegraph.

Нивната проценка доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин прв пат призна неуспех на бојното поле и откако украинските сили ја потиснаа руската војска од регионот Луханск, со што практично е поништен еден од клучните успеси на Кремљ во војната.

Западните претставници претходно сметаа дека враќањето на Крим со сила е речиси невозможен бидејќи од Русија се очекувало дека со сите сили ќе се бори да го одбрани.

Но, висок американски претставни за The Telegraph рекол дека неодамнешниот колапс на руската војска значи дека „ повторното заземање на Крим од Украина сега е јасна можност која веќе не може да се отфрли“.

Пробивот на Крим би значело дека Украина оди и понатаму од првата борбена линија на фронтот од 23 февруари кога Путин нареди инвазија на Украина.

Русијаго анектира Крим во 2014 година.

Можноста Украина да го заземе Крим ја спомена и Лаура Копер, заменичка на помошникот на американскиот министер за одбрана. Куре изјави дека Крим е на дофат за Украина.

„И само да биде јасно, Крим е Украина“ – изјави Купер.