Пред да слета, Трамп на Твитер напиша: „Подготвени сме за Индија, на пат сме, ќе се сретнеме со сите за неколку часа“, на што Моди му одговори: „Гостинот е Бог“.

Американскиот претседател Доналд Трамп слета денес во индискиот град Ахмедабад со што ја започна дводневната посета на Индија во која ќе се обиде со индиските колеги да ги обнови односите нарушени поради трговскиот спор.

Трамп во Индија допатува во придружба на сопругата Меланија, а беа пречекани од индискиот премиер Нарендра Моди. Индија и САД имаат блиски политички и безбедносни врски, а дводневната посета на Трамп е знак за се поблиските интереси на двете држави.

Според планот, голем прием за Трамп ќе биде приреден на стадионот за крикет пред 110 илјади граѓани кои веќе ги наполнија трибините носејќи картонски маски со ликот на Доналд Трамп.

Пред да слета, Трамп на Твитер напиша: „Подготвени сме за Индија, на пат сме, ќе се сретнеме со сите за неколку часа“, на што Моди му одговори: „Гостинот е Бог“.

Бројни патишта околу градот Ахмедабад се блокирани, продавниците се затворени, а полиција има распоредено насекаде. Подоцна Трамп ќе го посети и Таџ Махал, а потоа и Њу Делхи каде ќе одржи средба со индиските високи функционери и бизнисмени.

Извор: Сан