Американска архиепископија бара ООН да го разгледа прашањето за Аја Софија

64

Американската архиепископија на Вселенската патријаршија испрати барање до експертите на Обединетите нации да ја повикаат Турција на одговорност за одлуката музејот и поранешната православна црква Аја Софија, која се наоѓа во Истанбул, да се претвори во џамија.

Во барањето се наведува дека станува збор за намерна политика на Турција насочена кон бришење на културното наследство на православните христијани, наведува АНА, пренесува „Танјуг“.

„Повторното претворање на Аја Софија во џамија претставува радикално присвојување на православното христијанско културно наследство и живите христијански заедници во Турција“, рече архиепископот на Американската вселенска патријаршија, Елпидофор.

Тој изјави дека однесувањето кон културните добра од списокот на УНЕСКО, односно кон светско културно наследство – во кои е вклучена и Света Софија во 1985 година – како и промените во нивниот статус, е причина за загриженост на меѓународната заедница како целина.