Американската женска штафета на 4х400 метри освои златен медал на Олимписките игри во Токио. Штафетниот тим составен од Сидни Меклафлин, Дилала Мухамед, Алисон Феликс и Етинг Му славеше со резултат 3:16.85 минути.

Феликс на тој начин го освои 11-от олимписки медал во кариерата, а седмиот златен. Полската штафета заврши на второто место со нов национален рекорд (3:20.53), додека Јамајка освои бронза (3:21.24).

Штафетата на САД триумфираше и во машка конкуренција со време од 2:55.70 минути.