Американската економија лани нарасна за 5,7 отсто

30

Американската економија во 2021 година пораснала за 5,7 отсто, што е најсилен раст од 1984 година, а кон крајот на годината дошло до засилено забрзување на економските активности, покажаа првичните проценки на Министерството за трговија, објавени денеска.

Во 2020 година, активностите во најголемата светска економија опаднаа за 3,4 отсто, што е нивен најголем пад од 1946 година.

Во последниот квартал од 2021 година, растот на БДП силно забрза, со стапка на раст од 1,7 отсто во однос на третиот квартал, кога активностите беа нараснати за 0,6 отсто. На годишна основа, американскиот БДП порасна за 5,5 отсто во четвртиот квартал, по растот од 4,9 отсто меѓу јули и септември.

Анаулизираната стапка на раст, што освен САД, упште ја користат и Јапонија и Канада, покажува колку економијата би пораснала во изминатите 12 месеци доколку растела со иста стапка во секој квартал како и во последните три месеци, и тогаш би изнесувала 6,9 отсто во четвртиот четвртина. Во периодот од јули до септември таа изнесува 2,3 отсто.

Растот на најголемата светска економија минатата година беше поттикнат од огромниот пакет фискални стимулации и екстремно ниските каматни стапки, што беше поддржана и од личната потрошувачка, традиционално главниот мотор на растот во САД.

Кон крајот на годината, голем удел во растот на БДП-то имаа и вложувањата во залихи, испразнети со закрепнувањето на потрошувачката паралелно со ублажувањето на пандемиските ограничувања. Ширењето на сојот омикрон, сепак, на самиот крај од годината ја задуши потрошувачката, особено поради недостигот на моторни возила, поврзан со проблемите во снабдувањето со чипови.