Американската амбасадорка ќе му ги предаде акредитивните писма на Пендаровски

123

Новоименуваната амбасадорка на соединетите американски држави, Кејт Мери Брнс денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.

Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина.

Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД на ОБСЕ во Виена. За време на сослушувањето во сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

Нејзиниот претходник Џес Бејли од функцијата си замина во февруари годинава.