Американската амбасадорка Брнс пристигна во земјава

186

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнс, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил.

Амбасадорката Брнс оваа недела ќе му ги предаде своите акредитиви на претседателот Пендаровски, стои во објавата.

Брнс на нејзиниот прв ден на функцијата пристигнала со сопругот Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Воената морнарица на САД.

Амбасадорката Брнс е дипломат од кариера. Таа на позицијава доаѓа од Атина каде од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Грција. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.