Американската амбасадорка Брнз во посета на Националниот парк „Галичица“ во Охрид

36

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска имаше работна посета на Јавната установа „Национален парк Галичица“, при што се запозна со работата на Националниот парк, управувачката структура, проектите и процесите што се имплементираат во установата како и нејзината улога во активностите поврзани со препораките на УНЕСКО нотирани во двата последни извештајa.

Американската амбасадорка беше запозната и со следните планирани активности на ЈУНПГ во поглед на препораките на УНЕСКО, но и активностите што институцијата ќе ги презема согласно Планот за управување со Националниот парк „Галичица“ за периодот 2021 – 2030 година.

Со амбасадорката е дискутирано и за можностите за поддршка од страна на Американската амбасада на активности поврзани со еколошка едукација и оддржлив развој реализирани од страна на Јавната установа „Национален парк Галичица“.