Американската актерка Џесика Честејн на гости кај Зеленски: Светот ќе ја чуе вистината за Украина

403

Американската актерка и прдуцентка, Џесика Честејн денеска го посети Киев и се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Од заедничката средба упати порака со поддршка за Украина.

„Американската актерка Џесика Честејн денеска дојде во Украина. За нас вакви гостувања на познати луѓе се исклучително вредни. Благодарение на тоа, светот уште повеќе ќе чуе, ќе знае и ќе ја разбере вистината за тоа што се случува во нашата земја. Благодарам за поддршката“, напиша Зеленски во објавата на Инстаграм.