Пливачката штафета на САД освои златен медал на 4х200 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта. Американската штафета до златниот медал стигна со време од 7:41,45 минути, што воедно е и нов рекорд на светските првенства.

Австралија го освои сребрениот медал со заостанување од 2,41 секунди зад Американките, додека канадската штафета ја зазеде третата позиција со време 7:44,76 минути. Меѓу првите пет се најдоа штафетите на Кина и Унгарија.