Американка третпат во три години освоила 50.000 долари на лото

23

Жена од сојузната американска држава Мериленд по третпат за околу три години добива 50.000 долари на иста лотарија. Таа рече дека е шокирана зашто и овојпат ја добила премијата.

– Едноставно не можев да поверувам, повторно!, изјави 61-годишната жена.

Таа всушност купила два лоза во вредност од пет долари, па еден од нив ѝ ја донел наградата од 50.000 долари.