Екипата на МЗТ Скопје дополнително го засили ростерот за новата сезона, откако беа ангажирани уште двајца интернационалци и тоа Американецот Џабари Хиндс (27) и Хрватот Марин Морнар (26), кои потпишаа едногодишни договори со клубот од Аеродром.

Станува збор за кошаркари со повеќе од солидно европско искуство, од кои се очекува да бидат од голема помош во обидот да се дојде до зацртаните цели, а тоа е одбрана на титулата, враќање на куп-пехарот и борба за врвот од табелата во АБА 2 лигата.

Хиндс игра на двете бековски позиции, а доаѓа со епитетот најдобар стрелец во Полска настапувајќи за екипата на Кросно, во која на 30 средби просечно реализирал 21.7 поен заедно со 5,1 асистенција и 2,8 скока. Морнар, пак, игра на позицијата крилен центар.