Претседателот на партијата Сојуз на Ромите, Амди Бајрам ги отфрли информациите во дел од медиумите за наводна коалиција со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Чиста лага, ни преговарам ни имам нешто со нив. Во коалиција сум со СДСМ и останувам со нив и понатака. Паролата на Сојузот на Ромите секогаш е дека сме со власта. Титаник пропадна, па преминав во другиот брод“ рече Бајрам.

На прашањето дали ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе премине во коалиција со нив, тој порача: „Отом потом, сега сум со СДСМ и му дадов поддршка на лидерот, дека на избори одиме заедно. Останувам со СДСМ, било што било некогаш“ нагласи Бајрам.