Амди Бајрам: Ампутирана ми е ногата, имав две операции за 7 дена

4724

 

На пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите,
Амди Бајрам за седум дена му биле направени две операции.
При вториот зафат, ампутирана му е десната нога до потколеницата.
Во изјава за весникот Вечер, Бајрам потврди дека сега
закрепнува во домашна атмосфера. Првата операција се
случила минатиот месец, на хируршките клиники во Скопје,
а втората во болницата Жан Митрев.

-Јас сум секогаш оптимист, но шеќерот си го направи своето.
Не сум обесхрабрен. Во рок од седум дена ми направија две
операции. Вториот пат ми ја исекоа ногата до под коленицата,
во Жан Митрев. Добро се чувствувам и се надевам дека се ќе
биде во ред. Чекам да ми заздрави раната, па потоа ќе ставам
протеза. Ќе застанам на нозе повторно, и со нови сили се
враќам на политиката. Останувам претседател на Сојузот на
Ромите, моето место е таму, ова е само една епизода од
животот – вели Бајрам за весникот Вечер.