Вакцините се моќно оружје за да се победи вирусот и ќе бидат како јавни производи за целиот свет, а особено мора да биде обезбедена нивната пристапност и достапност во земјите во развој. Во моментов, многу земји во светот започнаа со вакцинирањето, кое им ја даде на луѓето зората на победата над пандемијата. Сепак, ќе биде потребно уште време да се стави крај на коронавирусот, затоа не може да се опушти постојаната превенција и контрола, вели амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Ѕуо, во интервју за весникот ВЕЧЕР. Амбасадорот порачува дека светот по пандемијата ќе биде попросперитетен ако сите земји си помагаат меѓу себе, но предупредува дека човештвото целосно ќе ја победи пандемијата само кога секоја земја целосно ќе ја надмине.

Земјата која прва беше погодена од пандемијата со новиот коронавирус, прва ја стави под контрола заканата и ја обнови економијата. Кина ги надмина САД и стана најголем трговски партнер на ЕУ во првите три квартали од годината и оваа година ќе стане единствената голема економија во светот што ќе оствари позитивен раст. Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Ѕуо, во интервју за весникот ВЕЧЕР порачува дека само со зајакнување на меѓународната солидарност и соработка, светот ќе може да ја надмине пандемијата, но и рецесијата на светската економија. Амбасадорот Ѕуо открива и дека бројни кинески инвеститори се заинтересирани за македонскиот пазар и планираат да дојдат да го анализираат и да остварат соработка. Кина засега не планира да бара задолжителен вакцинален картон за странците при влез во земјата, но предлага меѓународно меѓусебно признавање на здравствените кодови, со што ќе се олесни патувањето. Во интервјуто, амбасадорот зборува и за текот на имунизацијата во Кина, за враќањето на животот во нормала, соработката во рамките на иницијативата 17+1, како и за неговите гледишта во однос на случувања во земјава на внатрешен и надворешен план и ставот на официјален Пекинг во однос на македонските евроатлантски интеграции – зачленувањето во НАТО, но и ветото од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ.

Амбасадоре, пандемијата со ковид-19 нè преокупираше изминатата година. Вашата земја која беше прва на удар, подоцна го сподели своето искуство и се трудеше да им помогне на другите земји во светот да се справат со коронавирусот. Преку амбасадата во земјава имавте донации и за македонското здравство, во финансиска помош, тестови, заштитни одела и друга медицинска опрема, како и за конкретни институции за полесно функционирање во екот на заразата, меѓу кои и дел од медиумите. Иако со одобрувањето на вакцините и почетокот на процесот на имунизација се гледа светло на крајот од тунелот, заканата сè уште е тука. Што преземате во овој период Вие како амбасадор во Македонија и претставништвото во Скопје за дополнително да се вклучите во справувањето со ковид-19 во земјава?

Во претстојната 2020 година човештвото ја доживеа пандемијата на коронавирусот. Повеќе од еден милион луѓе ги загубија своите животи. Ова донесе огромни закани во животот и здравјето на луѓето. Светската економија западна во рецесија, цело општество е сериозно погодено. Кина беше погодена од пандемијата порано, но со силно лидерство и научна превенција и контрола, таа беше прва што ја контролираше пандемијата и ја обнови економијата. Кина се фокусира на целокупната промоција на борбата против пандемијата, стабилизирање на економијата и зачувување на животот на луѓето и ја презеде одговорноста како голема земја со најголемото снабдување на антипандемиските материјали во светот. Кина ја иницираше најголема глобална хуманитарна акција во историјата по основањето на Нова Кина, спроведе најголем обем и бројни „облачни“ антипандемиски активности за размена на секакви информации, со цел да им помага на релевантните земји, вклучително и Северна Македонија, да ги надминат тешкотиите и да придонесат за градење на заедницата на здравјето на човештвото.

Што се однесува до мене, првото нешто е да го коригирам мојот менталитет, да го прифатам нормализирањето на превенцијата и контролата на пандемијата, да обрнувам внимание на промените на состојбата, издадени од Кина, Северна Македонија и од СЗО, за да се адаптирам на животот. На пример, коригирам повеќе интернет конференции, избегнувам масовни собири… Второ, е да бидам внимателен, постојано носам маска, мијам раце и одржувам социјално растојание, и ако имам контакт со јавни установи, тогаш си носам ракавици. Секој ден мерам два пати температура, земам балансирана и урамнотежена исхрана и спортувам. А трето е да учам за да бидам разумен, читам многу за превенцијата и контролата на пандемијата, се придржувам до протоколите од СЗО и од Северна Македонија, подготвувам материјали и лекови за секој случај и ги поддржувам принципите за заедничка превенција и контрола на пандемијата, заемната помош, општата борба против вирусот.

Во Кина почна имунизацијата на населението. Како се одвива процесот?

Вакцините се моќно оружје за да се победи вирусот и ќе бидат како јавни производи за целиот свет, а особено мора да биде обезбедена нивната пристапност и достапност во земјите во развој. Во моментов, многу земји во светот започнаа со вакцинирањето, кое им ја даде на луѓето зората на победата над пандемијата. Сепак, ќе биде потребно уште време да се стави крај на коронавирусот, затоа не може да се опушти постојаната превенција и контрола.

Кина се наоѓа во првата фаланга во светот во развојот на вакцините. Неколку видови вакцини влегоа во фаза 3 од клиничките испитувања. Откако ќе завршат истражувањето и развојот, и по ставањето во употреба, тие ќе станат глобални јавни производи. Кина отсекогаш давала големо значење на безбедноста и ефективноста на вакцините, исто и безбедноста на производството и циркулацијата на вакцините, може да се каже дека Кина воведува многу строга контрола. Во моментов, новата вакцина веќе започна да се користи во итни случаи, врз основа на целосни информации и доброволно, персоналот кој работи на местата со високи ризици ја прима итната вакцина против коронавирусот. Засега состојбата со вакцинираните е добра. Следејќи ги строго научните правила и барања, кинеските компании за истражување и развој на вакцини строго се придржуваат до меѓународните норми и релевантни закони и спроведуваат меѓународна соработка.

Во еден авторски текст за весникот ВЕЧЕР во месец март рековте дека ковид-19 нема национални граници и дека треба да се изгради глобална здравствена заедница, што изминатите месеци и се покажа дека е така. Која е вашата оценка, дали светот заеднички се справува со оваа пандемија?

Исправени сме пред глобална криза, никој не може да биде спасен сам. Во борбата против пандемијата, сите земји се на ист фронт. Тековната пандемија сè уште се шири во светот и глобалната економија е уште во тешка рецесија. Само со зајакнување на меѓународната солидарност и соработка може да ги надминеме. 

Тековната пандемија сè уште се шири во светот и глобалната економија е уште во тешка рецесија. Само со зајакнување на меѓународната солидарност и соработка може да ги надминеме. По избувнувањето на пандемијата, Светската здравствена организација одигра водечка и координативна улога, а меѓународната заедница изрази желба за солидарност и соработка, за да го промовира истражувањето и развојот на лекови и вакцини, со цел да ја одржи економската и финансиска стабилност, да обезбеди непречен проток на индустриски и снабдувачки синџири и да го олесни товарот на земјите во развој. Овие мерки донесоа надеж во светот и го водеа патот за глобална антипандемиска соработка.

Кина промовира воспоставување заедница за човечкото здравје, активно промовира соработка за истражување и развој на лекови и вакцини и меѓународна заедничка превенција и контрола. Кина обезбедува финансиска помош на СЗО и Глобалниот хуманитарен план за реакција од Обединетите нации. Кина се приклучи на „Планот за имплементација на вакцини против коронавирус“ и се приклучи на иницијативата од СЗО за „механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за ковид-19“ (COVAX).

СЗО повика да не се политизира пандемијата. Фактите докажаа, дека повлекувањето од меѓународни групи и кршењето на договори се сериозно самоповредување, да се префрли вината само ќе го зголеми бројот на заразените и на починатите. По влегувањето на глобалната превенција и контрола на пандемијата во критична фаза, големите сили треба да играат примарна улога и да останат на вистинскиот пат – да се соработува во борбата против пандемијата. Користењето на вирусот за поттикнување идеолошка конфронтација е создавање нов вирус. Со играта на нула-износ (zero-sum game) не може да се решат домашните проблеми, а исто така ќе попречи на меѓународната соработка во борбата против пандемијата.

Ќе бара ли Кина задолжителен вакцинален картон за странците кои ќе сакаат да ја посетат земјата?

Исправени сме пред глобална криза, никој не може да биде спасен сам. Во борбата против пандемијата, сите земји се на ист фронт. Во контекст на нормализацијата на превенцијата и контролата на пандемијата, Кина активно ги деблокира каналите за странски размени и воспостави „брзи канали“ за размена на персонал и „зелени канали“ за превоз на товар со други земји. Како што созреваат условите за тестирање на нуклеинска киселина во различни земји, Кина е прва што спроведува далечинска превенција и контрола на меѓународно ниво, и преку мерки како што се меѓународната верзија на здравствениот код за превенцијата на пандемијата, далечинското тестирање на нуклеинска киселина и тестирањето на серумски антитела, со цел минимално да го намалува ризикот од заразата по пат.

Во моментов „вториот бран“ на пандемијата претставува сериозна закана, меѓународната заедница треба да ја зајакне уште повеќе заедничката превенција и контрола. Засега, Кина не бара однапред да бидат вакцинирани при влегувањето во земјата. Неодамна, Кина направи предлог за меѓународното меѓусебно признавање на здравствените кодови. Ова е важна мерка за создавање на здрави и уредени канали за размени на луѓето во сегашната состојба на пандемијата. Кина ќе ја зајакне комуникацијата и координацијата со релевантни земји и меѓународни организации, ќе се стреми да постигне консензус и да воспостави соработка што е можно поскоро, со цел во блиска иднина, секој да може да замине во странство покажувајќи го здравствениот код.

Во интервју за весникот ВЕЧЕР лани имавте математички точна проценка за тоа како во Кина ќе се одвива ширењето на вирусот. Затоа сега ве прашувам кои се вашите очекувања во сегашните услови? Кога може да очекуваме животот да се врати во нормала?

Нема голема катастрофа што не се компензира со историскиот напредок. Судбината на човештвото во постпандемиската ера е во рацете на луѓето од сите земји. Коронавирусот му покажа на светот, на специфичен начин, дека човештвото е заедница на заедничка судбина и само преку единство и соработка можеме да ги надминеме тешкотиите. Кина отсекогаш се придржувала на надмоќта на луѓето и животната надмоќ и усвоила најсеопфатни, строги и темелни мерки за превенција и контрола на вирусот. Како резултат на тоа успеа прва да ја контролира пандемијата и прва да продолжи со работа и производство.

По студената зима, мора да биде пролет, и зората ќе дојде откако ќе заврши темнината. Додека сите земји навистина се здружуваат и си помагаат, светот по пандемијата ќе биде попросперитетен и човечкото општество ќе биде посреќно и побезбедно. Кина е подготвена да продолжи да ја зајакнува соработката со меѓународната заедница во борбата против пандемијата и да продолжи да обезбедува поддршка и помош во рамките на нејзините капацитети. Затоа веруваме дека само кога секоја земја целосно ќе ја надмине пандемијата, човештвото може целосно да ја победи, и ќе можеме да создадеме подобра иднина.

 Пандемијата со ковид-19 внесе страв кај светското население. Несомнено, дури и со имунизацијата, подолг период ништо нема да биде по старо. Има ли Кина концепт како ќе го промовира развојот на туризмот во земјата, за да ги привлече туристите? 

Експертите предвидуваат дека до 2025 година во Кина ќе биде формиран голем домашен туристички пазар, со капацитет да обезбедува десетици милијарди туристи и потрошувачка моќ од 10 трилиони јуани.

Погодена од пандемијата, туристичката индустрија во Кина доживеа невидени шокови и предизвици. Денес помина најтешкиот момент и довербата на потрошувачите постепено се обновува. Во третиот квартал, откако пандемијата беше ставена под контрола, кинеската туристичка економија се израмни со нивото на истиот период од минатата година.

Во октомври 2020 година, Петтата пленарна седница на 19-от Централен комитет на Комунистичката партија на Кина, ги разгледа и ги одобри препораките за формулирање на четиринаесеттиот петгодишен план за национален економски и социјален развој и долгорочните цели до 2035 година, во кои се планови за идниот развој на Кина. Кина ќе го практикува новиот концепт за развој, ќе изгради нова шема за развој и ќе промовира висококвалитетен развој.

Петтата пленарна сесија на 19-от Централен комитет го спроведе стратешкото распоредување на „промовирање на интегриран развој на културата и туризмот“. Кина ќе го забрза развојот на здравството, културата, туризмот, спортот и други услужни индустрии. Ќе создаде нов начин на развој на туристичката економија, врз основа на културата, со туризмот како носител, а со помош на технологијата, за да формира нови туристички производи, и да ги задоволува потребите на луѓето за подобро уживање во туризмот.

Експертите предвидуваат дека до 2025 година во Кина ќе биде формиран голем домашен туристички пазар, со капацитет да обезбедува десетици милијарди туристи и потрошувачка моќ од 10 трилиони јуани. Атрактивноста и влијанието кај странските туристи исто ќе бидат значително зголемени. Како резултат на тоа, вкупната стапка на придонесот во вработувањето на националната економија и општеството ќе надмине над 10% .

 Кина ги надмина САД и стана најголем трговски партнер на ЕУ во првите три квартали од годината. Како вашата земја ги сузбива негативните економски ефекти од коронавирусот?

Оваа година Кина ќе стане единствената голема економија во светот, што ќе оствари позитивен раст, внесувајќи силна виталност во глобалната економија под влијание на пандемијата.

Пандемијата е криза за човештвото и е голем тест. Соочувајќи се со новата пандемија, под водство на претседателот Си Џинпинг, Комунистичката партија на Кина и кинеската влада правилно ја проценија ситуацијата и воспоставија среднорочен и долгорочен механизам за координација, со цел спречување и контрола на пандемијата, и економски и социјален развој. Може да се каже дека се постигнати големи стратешки резултати во превенцијата и контролата на пандемијата, исто и во економското и социјално закрепнување. Во текот на истиот период, беше постигната и цел за отстранување на апсолутната сиромаштија, постигнат е голем напредок во научните и технолошките иновации и во реформите и отворањето кон светот, а егзистенцијата на луѓето е ефикасно загарантирана. Предаден е прекрасен одговор што е задоволувачки за луѓето во Кина, и може да се запише во историјата.

Оваа година Кина ќе стане единствената голема економија во светот, што ќе оствари позитивен раст, внесувајќи силна виталност во глобалната економија под влијание на пандемијата. Според најновите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд, Организацијата за економска соработка и развој и многу други меѓународни организации, се очекува економските перформанси на Кина во 2021 година да бидат значително подобри од глобалниот просек. Стапката на придонес на кинеската економија во светскиот економски раст ќе надмине 1/3. Бидејќи кинеската економија се стабилизира и закрепнува и активно гради нова шема на развој, улогата на Кина во промовирањето на заздравувањето и растот на светската економија ќе стане сè поочигледна.

Соработката помеѓу Кина и ЕУ го задржа моментумот на развој. Двете страни успешно ја одржаа лидерската средба Кина – ЕУ и лидерската средба Кина – Германија – ЕУ. Економската и трговската размена пораснаа наспроти пасивниот тренд, причинет од пандемијата. За прв пат, Кина стана најголемиот трговски партнер на ЕУ, двете страни формално го потпишаа Договорот за географски индикации Кина – ЕУ, а Договорот за инвестиции се очекува да биде потпишан. Двете страни одлучија да воспостават 2 механизма за дијалог на високо ниво, кои се во однос на темите за зелениот развој и дигиталниот развој. Кина и ЕУ ја одржуваат стратешката координација во меѓународните и мултилатералните работи, ја одржуваат стабилноста и глаткоста на глобалниот индустриски ланец и синџирот на снабдување, ја зајакнуваат меѓународната соработка против климатските промени и успешно ги одржуваат културните размени меѓу Кина и ЕУ. Петтиот состанок на механизмот за дијалог целосно покажа дека иако социјалните системи на Кина и на ЕУ се различни, тие не се институционални ривали, туку сестрани стратешки партнери. Преку заемната корисна соработка, може да се постигне општа добивка, а преку координации, може да се надминат глобалните предизвици.

Како дипломатски претставник на Кина во Македонија ги следите сите случувања во земјава на внатрешен и надворешен план. Кој е ставот на официјален Пекинг во однос на македонските евроатлантски интеграции – зачленувањето во НАТО, но и ветото од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ?

Соочувајќи се со промени, какви што немало во последните сто години, со појавувањето на политиката на моќ и менталитетот на студената војна, унилатерализмот и протекционизмот, светот влезе во период на бурни промени, исто така и во однос на меѓународната структура.

Кина се залага за мирно решавање на меѓународните спорови и преку преговори и консултации, за правилно справување во однос на противречностите меѓу земјите. И Северна Македонија и Бугарија се пријателски земји со Кина и се надеваме дека двете страни ќе го решат прашањето преку консултации поскоро. Ова не само што ќе им помогне на двете земји да развиваат долгорочни добрососедски и пријателски односи, туку и ќе придонесат за трајна стабилност на Балканот.

Треба да го ставиме меѓусебното почитување и доверба во прв план и да ја зголемиме стратешката меѓусебна доверба, а да го намалиме меѓусебното сомневање, да бараме заеднички јазик, и притоа да ги задржуваме разликите. Се надевам, дека развојот на НАТО може да одговара на трендот на времето, тоа е реализација на мир, развој и соработка, и да се одржи регионалната и глобалната безбедност и стабилност.

Македонија и Кина соработуваат на повеќе полиња, особено во рамките на иницијативата 17+1, односно соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Како се одвива таа соработка во овие услови и имате ли конкретни проекти по завршувањето на пандемијата?

Многу кинески претприемачи планираат да дојдат за да го разгледаат пазарот. Се надевам дека Северна Македонија ќе може да обезбедува фер, правично и недискриминирачко деловно опкружување, за сите потенцијални инвеститори кои имаат намера да остварат соработка.

Соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, вклучително и со Северна Македонија, стана успешен обид да се постигне добитна соработка меѓу земји од различна големина, демонстрирајќи ја ендогената мотивација на механизмот за соработка 17+1 и потребите на сите земји. Помеѓу Кина и Северна Македонија постои здрава основа за заемно корисна соработка. Многу кинески претприемачи планираат да дојдат за да го разгледаат пазарот. Се надевам дека Северна Македонија ќе може да обезбедува фер, правично и недискриминирачко деловно опкружување, за сите потенцијални инвеститори кои имаат намера да остварат соработка.

Оваа година, дадов многу пати интервјуа за македонски медиуми, вклучувајќи три пати за ВЕЧЕР, се трудам навремено да одговорам на вниманието и на прашањата од медиумските пријатели. Со голема радост сакам да ве информирам, дека за прв пат во Северна Македонија снимавме документарен филм „Пат на свилата“, со 5 епизоди, кои се емитувани на МТВ. За прв пат соработуваме со Виар продукција и Телма телевизија, снимаме телевизиски проект „Нихао“ со 10 епизоди, и ќе се емитуваат на ТВ Телма од 27 декември 2020 година до мај 2021 година. Покрај тоа, на МРТ се емитувани и други 9 кинески документарци, титлувани со македонски јазик, како „Птичјиот поглед на Кина“, „Екстремна Кина“ и „Како Кина функционира“. А посебна благодарност, би сакал да изразам на весникот ВЕЧЕР, затоа што од крајот на ноември, секоја сабота, имаме можност да прочитаме за Кина. Со тоа се отвора прозорец за пријателите во Северна Македонија за да дознаат повеќе за Кина, што направија активни напори за меѓусебното познавање и разбирање за земјите од Централна и Источна Европа со Кина. Се надевам дека пријателите на медиумите во Северна Македонија ќе продолжат да известуваат за Кина објективно и опсежно и да инјектирате уште повеќе позитивна енергија во пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија.

Виолета СТОИМЕНОВА НАУМОСКА

Фото: Наќе БАТЕВ