Амазон работи на серијата „Џек Ричер“ со Том Круз во главна улога

129

Во конкурентски натпревар Амазон се избори за правата за ТВ серијата „Џек Ричер“, што ќе биде продолжение на двата филмски акциони хита со Том Круз во главната улога.

Приказната се заснова на романите на Ли Чајлд, чија вкупна бројка досега надмина 100 милиони продадени примероци.

Амазон ќе работи на продукцијата заедно со Скајденс ТВ и Парамаунт пикчрс.

Том Круз најверојатно нема да ја повтори насловната улога во серијата.