Амазонските прашуми ширум светот се добро познати како најголемата и најпошумената област на светот, или како „белите дробови на планетата Земја“. Простирајќи се низ девет земји Амазон е дом на различни животински и растителни видови, но и на последните групи домородни племиња на светот.

Племето Вараони од Пестаса живеат во еквадорскиот дел од амазонски прашуми небројано генерации наназад. Затоа, кога нивниот дом се најде под закана од една голема нафтена команија, тие не се предадоа – свиткаа табак и ги дадоа на суд.

По долготрајна правна битка со помош на бројни организации, племето Вараони деновиве со овој чекор успеа да спаси половина милион ари од нивната територија и територија на нивните предци да биде уништена од нафтени бушотини на големите нафтени корпорации.

Судот одлучи продажбата на земјата на Вараони племето од страна на државата да биде суспендирано на неопределено време.

Ова е судски преседан кој можат да го искористат и другите племиња кои живеат во амазнската прашума за да ја заштитат својата територија, но и нашите „бели дробови“.

Иако нема докази, многумина веруваат дека владата на Еквадор примала мито од големите нафтени компании за да им овозможи да ја исечат шумата и да постават опрема за вадење нафта, и покрај тоа што уставот на земјата налага претходна консултација за да се утврди колкава би била штетата по шивотната околина.

Немонте Ненкимо, претседателот на организацијата на Вараони Пестаса и тужител во овој судски спор изјави:

-Владата се обиде да ја продаде нашата земја на нафтени компании без наша дозвола. Ншите шуми се наш живот. Ние одлучуваме што ќе се случува со нашата земја. Ние никогаш нема да ја продадеме шумата на нафтените компании. Денес судот потврди дека племето Вараони, и сите други племиња имаат право на своите територии и тоа мора да биде почитувано. Интересите на владата за нафта не се поголеми од нашето право на живот, рече Немонте.

Ова е голема победа не само за амазонските племиња, туку и за човештвото како целина.