Ал Пачино ќе стане татко на 84 години: Чека бебе со фаталната и 54 години помлада Нур Алфалах

190
Фото: Instagram nooralfallah

Ал Пачино чека дете со неговата девојка Нур Алфалах (29), која е бремена во осмиот месец. Оскаровецот и Алфалах се во врска од април 2022 година, а последен пат беа видени заедно минатиот месец во отмениот ресторан „Е Балди“ во Лос Анџелес, пишува Дејли Мејл.

Дека оскаровецот и Алфал го очекуваат своето прво заедничко дете, потврдил и неговиот менаџер за „TMZ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

Актерот од „Scarface“ е татко на три деца со две различни жени. Тој има близнаци кои имаат 22 години, Оливија Пачино и Антон Џејмс Пачино со Беверли Д’Анџело и Џули Пачино, која има 33 години, а ја добил со Џен Тарант.

Веста за бременоста доаѓа во истиот месец кога долгогодишниот колега на Пачино, Де Ниро (79) го добил своето 7 дете со девојката Тифани Чен.

Холивудските легенди ги делеле филмските платна, а сега и двајцата се приклучиле на листата на познати личности кои станале или ќе станат родители во подоцнежните години.

Нур Алфал претходно била романтично поврзана со иконата на Ролинг Стоунс, Мик Џегер и милијардерот Николас Бергруен. Таа била забележана и со иконата од Тинселтаун, Клинт Иствуд (93) во 2019 година, но изјавила дека биле само семејни пријатели.

Една година претходно, таа била видена и со актерот Ели Рот (51).

„Разликата во годините на Алфал со Пачино „не претставува проблем“, изјавил извор за „Page Six“ во април 2022 година, додавајќи дека таа „најчесто излегувала со многу богати постари мажи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)