Иако се чинеше дека врската помеѓу Ал Пачино (79) и неговата многу помлада девојка, Израелката Мејтал Дохан се одвива добро, на крајот не излезе така.

Дохан потврди за медиумите дека нивната врска е завршена и го нарече Пачино „премногу стар“, а додаде и дека не сакал да троши пари на неа, пишува израелскиот магазин Ла’Иша.

-Тешко е да се биде со толку стар човек, па макар тоа е Ал Пачино, наводно изјавила таа за Пипл.

Дохан објаснува дека старосната разлика од околу 40 години била пресудна за крајот на врската.

-Се обидов да го игнорирам тоа, ама тој навистина е постар човек, да бидам искрена. Па и покрај мојата љубов, оваа врска не опста, вели таа.

Актерката вели дека додека биле заедно Пачино и купил само цвеќе.

Извор: Њузмакс