Екипата на Алфа Ромео ќе остане уште најмалку една сезона во Формула 1, потврдија до тимот. Италијанскиот произведувач на автомобили во 2018 година се врати во Формула 1 по повеќе од 30 години, потпишувајќи договор за техничко и комерцијално партнерство со Заубер, а од 2019 година Заубер беше преименуван во Алфа Ромео.

Сега е продолжен договорот на уште една година, два дена пред почетокот на трката за Големата награда на Италија, на патеката во Имола.