По освојувањето на петтото место, суперлигашот Охрид најавува големи засилувања за следната сезона да се врати во европските клупски натпреварувања. Првата задача на управата е решавање на тренерската позиција, со оглед на тоа што Горан Андоновски е на истек од договорот, а веќе се наѕира и неговиот наследник.

Имено, тренерот на претпоследниот шампионски Вардар 1961, Стевче Алушовски е пред промоција во клубот од Охрид, а неговата листа на потенцијални засилувања е респектабилна.

Клубот ќе го зголеми буџетот, ќе се обиде да ги нападне водечките екипи во Суперлигата и да донесе историски успех за градот Охрид. Деновиве се очекува потврда на најавите и промоција на новиот тренер, но и на првите засилувања во играчкиот кадар.