Стевче Алушовски нема да биде тренер на Вардар откако ќе заврши сезонава. За неговото заминување долго време се зборуваше во јаноста, но сега и официјално самиот тој потврди дека нема да биде на клупата на „црвено – црните“ наредната сезона.

-Можам само да кажам, дека по завршувањето на сезоната, нема веќе да бидам тренер на Вардар, изјави за г-спорт.мк Алушовски.

Варадра беше елиминиран од Веспрем во осминафиналето од Лигата на шампионите, а во групната фаза го победи Флензбург, нешто што им појде од рака годинава само на Кил и ПСЖ.

Неофицијално, прв фаворит за местото што ќе биде испразнето е Веселин Вујовиќ, кој претходно двапати го водеше „црвено – црниот“ тим.