EPA-EFE/Jim WATSON

Шпанскиот возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека сè уште е далеку од перформансите кои ги бележи Макс Верстапен со моќниот Ред Бул, но во ниту еден случај нема да се откаже од борбата за титула во Формула 1.

Алонсо оваа сезона запиша пет подиуми на шест трки. Тој заврши на второто место на трката за Големата награда на Монако, додека Верстапен стигна до победата. Верстапен е прв во генералниот пласман на возачи со 144 бодови, додека Алонсо е трет со 93.

Следната трка ќе се вози на 4 јуни за Големата награда на Шпанија на патеката во Барселона.