Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, оваа година реши да се испроба на релито Дакар, но засега нема по добро да ги памети своите настапи во дебитантската сезона. Тој доживеа тежок инцидент, откако со својата „тојота хуликс“ се преврте на само два километри до финишот од етапата која изнесуваше 534 километри.

Алонсо од необичен агол се обиде да ја премине песочната дина, па заедно со својот совозач Марк Кома се превртеа неколку пати, за среќа останаа неповредени. По поправката на возилото кое имаше видни оштетувања, загубија  68 минути. Тие во моментов се рангирани на 56-то место од 310 тркачи што останаа во трката.

Инаку, на почетокот од годинешното издание на релито Дакар имаше вкупно 342 возила, а за прв пат ова автомото натпреварување се одржува во Саудиска Арабија.