Алка Вуица: „Со Сајмон Ле Бон фронтменот на „Дјуран-дјуран“, пливавме голи во морето“

321

Надалеку познатата хрватска пејачка, композиторка и водителка, контроверзната Алка Вуица, деновиве сподели еден важен спомен од другарувањето со големата музичка ѕвезда Сајмон Ле Бон, фронтменот на рок-атракцијата „Дјуран-дјуран“.

Алка се присети на времето кога имаше пријателство и другарување меѓу музичарите надвор од сцената. Со својот директен начин на комуникацијата, таа сликовито го опиша тоа: – Се случи да се капеме со Сајмон голи во морето. Тоа е жива вистина. Како нудисти. Тргнавме на прошетка со глисерот, но со нас немавме костими за капење. Сајмон наеднаш посака да плива во синото чисто море, не можеше да ја поднесе горештината и прв се соблече. Воопшто не му беше непријатно, дури и забележав дека има со што да се пофали, ха-ха-ха…

Потоа и јас се соблеков, најпрво бев топлес, а потоа како од мајка родена. Никогаш нема да го заборавам тоа. Се забавувавме во морето така голи, како некои деца. Немаше апсолутно ништо меѓу нас. Ние сме добри семејни пријатели, а пријателството не се расипува тукутака, со некојси секс во море – раскажа веселата Алка, која и ова лето ќе има јадранска пејачка турнеја. /foto:Instagram,FB/