epa10370361 Carlos Alcaraz of Spain in action against Andrey Rublev of Russia during their match at the Mubadala World Tennis Championship exhibition tournament in Abu Dhabi, United Arab Emirates, 17 December 2022. EPA-EFE/STR

Минатата сезона младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, го оствари својот сон освојувајќи грен слем турнирот и се искачи на врвот на АТП листата, но во последните месеци не оди сè како што посакува.

Шпанскиот тенисер го пропушти Австралија опен поради повреда на стомачниот мускул и падна од врвот на светската ранг-листа. Алекс Кореча, некогаш вториот тенисер во светот, го предупреди младиот тенисер дека оваа сезона не треба да биде опседнат со враќање на врвот на листата, бидејќи тоа би било голема грешка. Алкараз има 340 поени помалку од Ѓоковиќ на АТП листата, а Кореча додава дека Карлос не треба да брза да се врати.

-Сето тоа е привремено што се однесува до повредите. Штета е затоа што момчето работеше напорно за да игра во Австралија. Главниот напор беше да го освои САД Опен, да стане број еден и сето тоа. Нормално е дека е потребно многу енергија и дека ви треба малку време за да разберете што значи да се биде број еден и какви се очекувањата. Наскоро ќе биде подготвен“, смета Кореча.

Тенисерот од Мурсија се враќа на теренот на 11 февруари на турнирот во Буенос Аирес, а ќе настапи и во Рио де Жанеиро и Акапулко, а потоа и на турнејата „Саншајн дабл“, во Индијан Велс и Мајами.

-Мислам дека Алкараз ќе има добра сезона. Тој не треба да биде опседнат со првото место, мислам дека не треба да размислува како да ја одбрани позицијата, бидејќи тоа е дополнителен притисок, дополнителна тежина на вашите рамена што ја носите, заклучи Кореча.