Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти отсекогаш знаел да ги насмее новинарите со своите урнебесни изјави. Овој пат, менаџерот на Евертон кратко зборуваше и за фактот дека неговиот градски ривал Ливерпул го потпиша Тиаго Алкантара од Баерн, кого исто така имаше можност да го тренира во германскиот клуб.

  • Тој трансфер ми го скрши срцето. Тиаго е пријател. Тој е фантастичен играч, фантастичен играч за врска и јас имав среќа да го тренирам. Тој е еден од оние играчи со кои се гордееш затоа што си им бил тренер. Единствената добра работа во врска со овој потпис е што сега е мој сосед, но мислам дека го одбра погрешниот тим. Требаше да го избере синиот тим, а не црвениот. Се шегувам. Тој е фантастичен играч и мојот пријател Јирген ќе биде среќен за него, истакна Анчелоти.

Инаку, екипата на Анчелоти тргна одлично во новата сезона, а по стартниот триумф против Тотенхем (0:1), ја забележа и втората победа, дома против ВБА (5:2).