„Алкалоид“ дополнително вложи во Словенија

126

„Алкалоид“ АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво воРепублика Словенија, по пат на зголемување на основната главнина, информираше компанијата преку Македонската берза.

-Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се вложени 400 илјади евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови. Друштвото е 100% сопственост на „Алкалоид АД Скопје“, стои во известувањето.

Компанијата информира дека со оваа инвестиција ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на

Европската Унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари.