Најдоброрангираниот македонски шаховски клуб Алкалоид ги загуби шансите за највисок пласман на Европскиот клупски куп во Струга, откако одигра нерешено во дуелот со Нови Бор (3:3)

Прилеп забележа нова победа откако со минимални 3,5:2,5 беше поуспешен од Гамбит Асеко СЕЕ, додека Гостивар загуби со 0,5:5,5 од белгиски Фиртцвелд (14). Клучниот дуел на колото го доби рускиот тим Медни Всадник кој со 3,5:2,5 ја совлада шпанска Валенсија.

На едно коло до крајот на шампионатот Медни Всадник е лидер со 11 бода, еден бод помалку имаат тимовите на Нови Бор и дански Хтракон. Алкалоид е четврти со 9. Прилеп е стациониран на 12. место со 8 бода, Гамбит Асеко СЕЕ на 18. со шест, а Гостивар е 30. со 4 бода.