Алијанса на Албанците го поздравува назначувањето на Метју Палмер

81

Алијанса на Албанците го поздравува назначувањето на заменик-помошник секретар Метју Палмер за специјален претставник за Западен Балкан на државниот секретар Мајк Помпео.

-Американската дипломатија, особено преку Палмер, даде значаен придонес кон стабилизирање на земјата за време на транзицијата од режимот ВМРО-ДУИ и материјализацијата на членството во НАТО. Во време кога земјата се соочува со невидени и координирани напади врз темелите на владеењето на правото, зголемениот ангажман на САД е многу позитивен сигнал за демократизација на Северна Македонија и европската перспектива на регионот, се наведува во соопштението од Алијансата за Албанците.