Алијанса за Албанците и Алтернатива ја поздравија одлуката на Пендаровски да не го потпише указот за Законот за легализација на дивоградби

25

Коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива ја поздравуваат одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го врати во Собрание законот со кој македонската влада и опозиција се обидоа да прошверцуваат легализација на урбаните злосторства.

Одлуката на Пендаровски уште еднаш го потврди она што ние како албанска опозиција го алармиравме од почетокот така и на денот на гласање на законот. СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да се сокријат зад граѓаните за да ги амнестираат урбаните злосторства на Стевче Јакимовски, Латас и другите соработници на сегашниот и претходниот режим. По оваа одлука, Законот треба да се врати во Собранието, да се разгледа во редовна постапка и со учество на сите надлежни тела и чинители. Овој закон навистина мора да им служи на граѓаните и не смее да ги злоупотребува грижите на граѓаните за да им служат на политичките криминалци на претходната власт како и на оние од сегашната власт.

Поддршка за граѓаните да, амнестија за урбаните злосторства во никој случај!

Легализација за домаќинствата, а не за мафијата и олигарсите на власт, кои узурпираат и уништуваат јавен имот.

Коалиција Алијанса за албанците и Алтернатива