Алек Болдвин (64) стана татко по осми пат, го откри името на ќерката

4340

Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија го добија своето седмо дете, осмо за 64-годишниот актер кој има и 26-годишна ќерка со поранешната сопруга Ким Бесинџер.

Срќената мајка ја сподели веста на Инстаграм со снимка од првите моменти со бебето.

„Овде е! Толку сме возбудени што може да ве запознаеме со остварувањето на нашиот мал сон“ – сподели Хиларија, а објавата ја сподели и Алек Болдвин.

Родителкте открија и дека на својата најмлада ќерка и го дале името Иларија Каталина Ирена.

„И таа и јас сме среќни и здрави. Нејзините браќа и сестри го поминуваат денот со неа, се зближуваат и и посакуваат добредојде во нашиот дом. Толку сме среќни што со вас можеме да ја прославиме оваа прекрасна вест“ – напиша сопругата на Алек Болдвин.

Актерот и неговата сопруга имаат шест деца: Кармен (9), Рафаела (7), Леонарда (5), Ромео (4), Едуардо (2) и 18-месечната Марија Луција. Од првиот брак со Ким Бесинџер, Алек Болдвин ја има 26-годишната ќерка Ирланд.