Алексис се враќа во Јунајтед

80

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер веќе имаат донесено конечна одлука кога е во прашање иднината на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез.

Крилниот напаѓач е во сопственост на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, но „нероазурите“ имаат право да го откупат неговиот договор откако ќе му заврши позајмицата на „Џузепе Меаца“.

Челниците на Интер не планираат да ја продолжат соработката со поранешниот фудбалер на Удинезе, Барселона и Арсенал, затоа што играа во очајна форма и е постојано повреден.