Струмичанката, Александра Јанева е  млада поп-пејачка. Победник е на музичкото шоу „Сите наши песни“ и на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 2013 и 2016 година. Беше  дел од евровизискиот тим, придружувајќи ги како вокал колегите од „Ај кју“ во Лисабон, но потоа беше придружен вокал и на Тамара Тодевска. А, оваа година требаше заедно со Васил Гарванлиев да нè претставува за избор за Песна на Евровизија во Ротердам, Холандија, исто како негов придружен вокал.

Таа сега наполни 25 години. Но, за жал кафеаните, клубовите и рестораните сè уште не беа започнати  со  нивната работа, па пејачката својот роденден го прослави во нејзиниот дом. А, нејзините фанови ги почести со кавер на песната „Stuck With U“на Џастин Бибер и Ариана Гранде.

https://www.instagram.com/tv/CAnCUOSHJ8x/?utm_source=ig_web_copy_link

 

– Годинава песна наместо торта. Мирна, среќна и распеана 25-ка дома. Благодарам на сите, напиша пејачката во описот на видеотo. (M.A)