Александра Накова за роденден доби прстен: Можеби наскоро по втор пат ќе каже да

425

Македонската старлета, Александра Накова која вчера го прослави својот роденден доби уникатен подарок. Имено,  таа на својот инстаграм-профил објави фотографија на која се гледа прстен. Многумина коментираа дека овој прстен наликува на веренички прстен.

Фото: Инстаграм

Накова беше во брак со познатиот македонски кошаркар Никола Гајдаџиев од кого неодамна се разведе. Имено, Накова изминатиов период ја брануваше македонската јавност со нејзиното приведување од страна на полицијата бидејќи старлетата не ја почитувала наредбата за самоизолација. Но, Накова овие информации ги демантираше, а за скоро време можеби  вторпат ќе го каже судбоносното да.