„Александар Урдаревски“ ќе се „облече“ во асфалт

726

Започна реконструкцијата на дел од улицата „Александар Урдаревски”, која ќе ја изврши ЈП „Улици и патишта“. Станува збор за потегот од крстосницата со улицата „Боца Иванова“ до улицата „Нов живот“, односно од првата улица за влез во гробиштата Бутел, потег кој завршува до улицата „Нов живот“.

Реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ ќе се врши етапно, во неколку фази. Првата фаза веќе заврши во делот на КО Горно и Долно Оризари, а инвестицијата на целиот проект беше во вкупна вредност од 9.588.101 денари. Општина Бутел беше вклучена со кофинансирањето заедно со општините Шуто Оризари и Чучер Сандево.

Наскоро ќе започне уште една фаза од реконструкцијата на коцката, исто така во заеднички проект со скопскиот плански регион и околните општини.

– Коцката е значајна делница за нашата општина иако територијално во целост не припаѓа во Општина Бутел. На оваа делница гравитираат голем дел од нашите сограѓани – истакна градоначалникот Дарко Костовски.