Александар Тортевски кандидат за градоначалник на Скопје на Твоја партија

435

Адвокатот Александар Тортевски денеска ја најави кандидатура за градоначалник на Град Скопје како кандидат на Твоја партија.

На денешната прес-конференција Тортевски рече дека мотото на неговата кампања со која ќе се претстави пред Скопјани ќе биде „Избори се сам, избори се за твојот град“.

„Второто мото со кое ќе настапам е дека помеѓу две зла немој да го избереш помалото затоа што такво нешто не постои. Помало зло е само ако не е на власт, кога ќе се врати повторно ќе биде зло“, рече Тортевски на прес-конференцијата во Градскиот парк заедно со членови на Твоја партија.