Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, во лошото прво полувреме ја гледа причината за поразот од Игокеа со 96:90, на гостински терен, во 9. коло од регионалната кошаркарска АБА-лига.

  • Во првото полувреме, одбраната ни беше како шупливо сирење. Можам да бидам задоволен од второто полувреме. Ја сменивме одбраната, пред крајот имавме и водство, а, конечно, имавме и повеќе скокови од една екипа каква што е Игокеа. Имавме шанса, не ја искористивме и сега се насочуваме кон следниот натпревар, против Борац рече Петровиќ на прес-конференцијата по натпреварот во Александровац.

МЗТ Скопје, по девет кола, има две победи и седум порази и се наоѓа 12. место.