Александар Николоски избран за известувач во Советот на Европа

47

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на мониторинг-комитетот на парламентарното собрание на Советот на Европа е избран за известител за Босна и Херцеговина.

Николоски во следниот период ќе го следи прогресот на Босна и Херцеговина во делот на исполнување на обврските што оваа држава ги има преземано кон Советот на Европа, пред сè во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, борбата со криминалот и корупцијата, изборните реформи, како и воспоставувањето функционална правна држава.

Според Николоски, ова претставува признание за Македонија, затоа што македонски пратеник конечно е во позиција да пишува извештаи и да известува за она што се случува во други држави, а не само Македонија да е под мониторинг и други да известуваат за неа.

„Ова значи многу за Македонија, затоа што значи многу за имиџот на државата, значи дека Македонија може и има политичари кои може да ја претставуваат надвор од државата, а јас ќе се потрудам со сиот мој капацитет и со сиот мој авторитет да направиме добри работи за регионот, од кој дел секако е и Босна и Херцеговина“, вели Николоски.