Можеби на почетокот нема да помислите така, но постои силна врска помеѓу Салма Хајек, познатата актерка и Едсон Алварез, 24-годишниот мексикански дефанзивец на Ајакс.

Врската ја откри самиот Алварез, кој во неодамнешното интервју за холандските медиуми откри дека токму Хајек му се јавила да го убеди да направи трансфер минатото лето.

Салма е сопруга на Франсоа-Анри Пино, претседател на Керинг (корпорација која поседува брендови како Гучи, ЈСЛ и Ботега Венета), но и на групацијата Артемида, која е сопственик на францускиот премиерлигаш Рен.

  • Ме повика како славна сограѓанка и се обиде да ме убеди да се преселам во Рен. Бев многу изненаден и воодушевен, изјави Алварез, кој очигледно не сакал да го промени клубот, па остана во редовите на Ајакс.